Европската ракометна федерација (ЕХФ), во пресрет на завршниот турнир во Лигата на шампионите, го објави идеалниот тим оваа сезона. Најмногу играчи, четири, во идеалниот тим има Барселона.
Голман: Никлас Ландин (Кил)
Десно крило: Гомес Абељо (Барселона)
Десен бек: Дика Мем (Барселона)
Среден бек: Лука Циндриќ (Барселона)
Лев бек: Микел Хансен (ПСЖ)
Лево крило: Валеро Ривера (Нант)
Пивот: Лудовик Фабрегас (Барселона)
Дефанзивец: Хенрик Молгард (Алборг)
Најдобар млад играч: Дилан Нахи (ПСЖ)
Тренер на овој тим би бил предводникот на Нант, Алберто Ентрериос.
Инаку, утре во Келн на завршниот турнир ќе се играат полу-финалните натпревари: Барселона-Нант и ПСЖ-Алборг.