Top Sport

Циндриќ: Ова првенство не требаше да се игра

Поранешниот играч на Вардар, Лука Циндриќ, смета дека Европското првенство требаше да биде одложено. Сите репрезентации имаат проблем со коронавирусот, Хрватите во текот на подготoвките беа без неколку важни играчи, меѓу кои е и Циндриќ.

Играчот на Барселона, беше позитивен, десет дена мина во карантн, поради што го пропушти првиот меч на Хрватска во групата против Франција.

„Десет дена бев во карантин, буквално од постела влетав на теренот. Пред мечот со Данска, разговарав со момците од Франција кои ми се соиграчи во Барселона (Мем, Ричардсон, Фабрегас), дека ова е лудо и дека во вакви услови не требаше да се игра првенството. Ова за играчите претставува мачење, инквизиција“, рекол Циндриќ и дополнил.

„Направивме се за да се вратам во тимот, но заморот доаѓа многу побргу, тешко дишам од тие напори, немам сила. Не тренирав, дојдов само да играм. Ние немаме толкав избор на играчи, не сме Данска или Франција. Французите имаат играчи за извоз, па и покрај тоа Исланд ги надигра без поголеми проблеми. Тие можат да донесат силни и искусни играчи, а ние повикуваме млади момци кои сепак покажаа дека знаат да играат. Искуството сепак е пресудно, ЕХФ и ИХФ можеам малку повеќе се грижат за здравјето на играчите. Ова натпреварување, во ситуација кога коронавирусот дивее насекаде, не требаше да се одржи“.

Хрватска, остана без шанси за место во полу-финалето, до крајот на првенството ќе играат против Исланд и Холандија.

Scroll to Top