Ракометарките на Црна Гора со фантастична игра успеаја да го победат олимпискиот првак Франција со 27:25 и го освоија третото место и бронзениот медал на Европското првенство. Со фанатична пожртвуваност и цврста игра во одбраната, тие беа на прагот на победа и во регуларниот тек, но Франција се избори за продолженија со седмерец по истекот на времето (22:22).
Во дополнителниот период, Црногорките сепак успеаја да го совладаат големиот ривал и да освојат историски бронзен медал.
Ѓурѓина Јауковиќ и Јованка Радичевиќ постигнаа по шест гола во победничката селекција.
Во финалето на Европското првенство, од 20.30 часот, во Љубљана се среќаваат Норвешка и Данска.