Црногорскиот репрезентативец Божо Анѓелиќ (30), од наредната сезона ќе го носи дресот на Вардар. Средниот бек во Вардар доаѓа од Ференцварош, чии бои ги брани од 2018 година.
Вардар и Анџелиќ потпишале едно годишен договор, со можност тој да биде продолжен на уште една година.
Црногорецот е второто засилување во тимот за следната сезона, по Словенецот Нејц Цехте кој доаѓа од Бундеслигата.
Анџелиќ е актуелен репрезентативец на Црна Гора и има повеќе од 60 настапи за репрезентацијата и над 100 постигнати гола. Беше дел од последните четири Европски првенства на неговата репрезентација, во 2016, 2018, 2020 и 2022 година. Настапи на последното ЕП во Унгарија каде за Црна Гора постигна 20 гола, најмногу против Македонија и против Исланд, по шест.
Во кариера Анџелиќ има настапувано за тимот на Црвена Звезда, Малме, Чеглед и Металург, а потоа замина во Ференцварош.