Top Sport

Селекторот на Бугарија го објави списокот за мечот против Македонија

Селекторот на фудбалската репрезентација на Бугарија, Јасен Петров, го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета за новото издание на Лигата на нации. На него се наоѓаат фудбалери од најдобрите бугарски клубови, како и неколку интернационалеци, пред се Георги Костадинов (Арсенал Тула), Петко Христов (Специја), Мартин Минчев (Спарта Прага.

Првиот натпревар од новото издание на Лигата на нации, Бугарите го играат против Македонија во Разград на 2 јуни. Во групата Ц се уште и Грузија и Гибралтар.

Scroll to Top