Актуелниот светски и олимписки шампион, Данска, го совлада актуелниот европски првак, Шпанија со 27:23 (14:10), за место во финалето на олимпискиот турнир во Токио. Финалето во Токио, на ракометниот турнир, ќе биде реприза од мечот за златото во Рио Де Жениро, противник на Данска ќе и биде Франција.
Никлас Ландин со 14 одбрани и Микел Хансен со 10 голови ја предводеа Данска. Јунак кај Данците е и Менсах-Ларсен, кој два од четири гола постигна во моментите кога Шпанија се доближи на гол негатива.
Душебаев и Фигерас со пет голови беа најефикасни во редовите на Шпанија, во чии редови најдобар беше голманот Де Варгас со 13 интервенции.
Финалниот натпревар на ракометниот турнир ќе се одигра на 7.август.