Top Sport

Данска преку Црна Гора до финалето на ЕП

Женската ракометна репрезентација на Данска е првиот финалист на Европското првенство откако во полуфиналната пресметка во Љубљана ја совлада Црна Гора со 27:23. Црногорките се обидоа да стигнат до изненадување, но, сепак, пресуди квалитетот на Данска.

Црна Гора поведе со 6.3, но потоа Данска даде одговор и до крајот на полувремето обезбеди предност од четири гола (14:10).

На стартот на второто полувреме Црна Гора направи нов обид, израмни на 14:14, но, во завршните моменти ракометарките на Данска беа поконцентрирани и успеаја да слават.

Тие во финалето ќе го очекуваат победникот од второто полуфинале меѓу Франција и Норвешка.

Швеѓанките ја победи Холандија со 37:32 во натпреварот за петтото место на ЕП кое води директно на следниот Мундијал.

Scroll to Top