Данска и Шведска го задржаа максималниот ефект на олимпискиот турнир во Токио. Во третото коло Данска го победи Бахреин, а Шведска беше подобра од Португалија.
Бранителите на олимпиското злато, ракометарите на Данска, запишаа уште една импресивна победа. По победите на Јапонија (47:30) и Египет (32:27), пред Данците падна и Бахреин (31:21).
Јохан Хансен со шест и Микел Хансен со пет гола ја предводеа Данска до победата.
Швеѓаните против Португалија за малку ќе направеа од готово вересија. Кога Ване постигна гол за 29:26 на три минути до крајот, се чинеше дека Шведска ќе запише лесна победа, меѓутоа Португалците до крајот постигнаа два гола, не примија ниту еден, но немаа сили за целосен пресврт.
Никлас Екберг постигна девет гола, а Албин Лагергерн шест гола за Шведска.
Дансска и Шевдска од оваа група веќе обезбедија пласман во четврт-финалето, а за преостанатите две места ќе се борат Египет, Португалија, Бахреин и Јапонија.
Во наредната рунда, на 30.јули, Данска ќе игра против Португалија, а Шведска против Египет.