Top Sport

Дарко Димитриевски потпиша за Валјадолид

Македонскиот ракометен интернационалец Дарко Димитриевски по една година се враќа во првенството на Шпанија. Тој потпиша за шпанскиот прволигаш Валјадолид и ќе биде соиграч со Димитар Димитриоски.

Дарко Димитриевски минатата сезона играше во Германија во Емстеден, кој испадна во третата лига по ранг.

Двајцата македонски ракометари ќе бидат под водство на поранешниот тренер на Вардар, Давид Писонеро, кој имаше неуспешна мисија во Скопје.

Scroll to Top