Top Sport

Дејвис: Одбраните на Борко Ристовски беа пресудни

Ракометниот првак Вардар ја освои Битола совладувајќи го Еурофарм Пелистер со 23:26 во клучниот натпревар за титулата. Сега „црвено-црните“ имаат бод предност пред најголемиот ривал и три релативно лесни натпревари до крајот на сезоната.

Тренерот Давид Дејвис вели дека во финишот пресудиле одбраните на искусниот голман Борко Ристовски.

„Тешко да се победи во Битола. Целата атмосфера, како и квалитетот на ривалот, тоа е голем товар. Голманите се клучни на ваквите натпревари и сега Борко Ристовски ја направи разликата. Ако на минатиот дуел клучен беше Кизиќ, сега ние го имавме Борко“, изјави Давид Дејвис.

Scroll to Top