Top Sport

Дибиров се премисли ќе остане во Вардар

Тимур Дибиров, клупската икона на Вардар ќе го носи „црвено-црниот” дрес и во наредната сезона. Дибиров ќе остане во Скопје најмалку до јуни 2023 година, со можност за продолжување на соработката.

Дибиров е еден од оние ракометари со најдолг стаж во клубот со кого се поврзуваат и најголемите клупски успеси на Вардар. Миленик на публиката и голем мотиватор на екипата.

„Среќен сум што останувам во Вардар. Не можам да се замислам во друг дрес и друг клуб. Им благодарам на сите за поддршката што ми ја даваат. Со клубот се договоривме за продолжување на соработката и заедно да постигнуваме резултати како и досега, изјави Дибиров.

Левото крило дојде во Вардар во 2013 година и оттогаш има освоено седум шампионски титули и седум куп титули. Покрај тоа со Вардар трипати го освои Супер купот на Македонија, четирипати беше победник на СЕХА лигата и двапати беше европски првак.

Scroll to Top