Top Sport

Миротиќ ја предводи најдобрата петорка во Евролигата

Евролигата, во пресрет на завршниот турнир во Белград, ја избра најдобрата петорка во регуларниот дел од сезоната. Во нема нема место за минатогодишниот МВП и добитникот на наградата за најдобар стрелец оваа сезона, Василије Мициќ.

Во идеалната петорка се Шејн Ларкин (Ефес), Мајк Џејмс (Монако), Саша Везенков (Олимпијакос), Никола Миротиќ (Барселона) и Валтер Еди Таварез (Реал).

Мајк Џејмс (Монако)

Од неговото доаѓање во „малото кнежевство“, Џејмс е прогласен за една од најголемите ѕвезди во Евролигата. Тој ја оправда таа улога – на 32 меча имаше просек од 16,2 поени, 3,2 скока и 5,8 асистенции.

Шејн Ларкин (Анадолу Ефес)
Мораше да има место за еден играч од Ефес. Ларкин оваа сезона во просек имаше 14,6 поени, 3 скока и 5,3 асистенции.

Никола Миротиќ (Барселона)

Миротиќ го оправда статусот на еден од најдобрите играчи во Европа и со 16,6 поени и 5 скока просечно заработи место во идеалната петорка на Евролигата.

Саша Везенков (Олимпијакос)

Во прилично изедначениот тим на Олимпијакос, Везенков беше играч кој се истакна малку повеќе од останатите. Заслужи да биде во идеалната петорка. Везенков сезонава имаше просек од 13,7 поени со 5,8 скока, 1,5 асистенција и една украдена топка.

Валтер Таварес (Реал Мадрид)

Џинот од Зеленортските острови беше непремостлива пречка во рекетот и еден од главните фактори за пласманот на Реал на завршниот турнир. Тавареш имаше просек од 10,9 поени, 7,6 скока и 1,7 блокади по натпревар.

Scroll to Top