Репрезентативецот на Македонија, Димитар Димитриоски (21) е нов член на РК Вардар, со европскиот првак тој потпишал двегодишен договор. Во новата сезона Димитриоски ќе му прави друштво на левата крилна позиција на Тимур Дибиров. доаѓањето на Димитриоски клубот продолжи со засилувањето и подмладувањето на тимот во добрана на европската титула.
Димитриоски во изминатите пет сезони го носеше дресот на Металург. Тој сезонава го освои Купот на Македонија, а играше и во СЕХА лигата и Лигата на шампионите. Димитриоски беше планиран за настап и на последното СП 2019 година, но поради повреда на последниот тренинг пред тргнување отпадна од комбинација.
Ги Во кариерата овој играч ги минал сите младински селекции во националниот тим.
фото/rkvardar.mk