Кристијан Дисингер е ново име во редовите на ракометниот клуб Вардар. Германскиот репрезентативец со црвено-црните потпиша две годишен договор.
Дисинер (203 см. висок) игра на позицијата лев бек и треба да биде засилување за тимот и да му помогне на тимот на таа позиција. Тој е седмото засилување за Вардар сезонава.
Пред неколку денови Дисингер го раскина договорот со германски Кил каде настапуваше последните сезони. Со екипата на Кил го освои германскиот Куп, а исто така како дел од репрезентацијата на Германија во 2016 година стана европски сениорски првак. Со репрезентацијата на Германија го освои и бронзениот медал на летните олимписки игри во 2016 година. Со младинскиот тим на Германија го освои златнио тмедал на младинското СП 2011 година.
Во својата кариера има настапувано за екипите на ТСГ Фреиззнхајм (2008-2011), Кадетен (2011-2013), Нептуно (2013), Либек (2015-2015) и од 2015 година за Кил.
За екипата на Кил има одиграно 130 натпревари и постигнато 235 гола.