Top Sport

Драма во Келн, Барса ја одбрани титулата во ЛШ

Ракометарите на Барселона ја одбранија титулата во Лигата на шампионите. Во драматичното финале, во Келн, Барселона го победи Кјелце по изведувањето на пенали. Натпреварот во регуларниот тек заврши 28:28, а по продолженијата беше 32:32. Во пенал серијата сите играчи на Барселона погодија, додека трагичар кај Кјелце беше Алекс Душебаев, чии пенал во третата серија го одбрани Гонзало Перез де Варгас.

Барселона ја освои 11. титула во клупската историја. Барса е првата екипа што успеала да ја одбрани титулата откако завршниот турнир се игра во Келн.

Scroll to Top