Женската ракометна репрезентација на Македонија денеска ги започна подготовките за бараж натпреварите против Украина за пласман на Светското првенство. Стручниот штаб на селекторот Љупчо Савевски е значително засилен, со две познати ракометни имиња.
Една од најдобрите светски ракометарки, Едуарда Аморим, која ја заврши играчката кариера, се вклучи во стручниот штаб на женската репрезентација на Македонија и почнува нова тренерска кариера. Таа во кариерата го носеше и дресот на Кометал Ѓорче Петров.
Петкратната освојувачка на Лигата на шампионите и светски првак со репрезентацијата на Бразил, е македонска снаа, го познава јазикот и менталитетот на македонските ракометарки.
Тренерот на ЖРК Вардар, Александар Царчев, од денеска повторно е дел од македонската женска ракометна репрезенација и ќе работи со голманките.