Јужноамериканската селекција на Уругвај претрпе висок и убедлив пораз од селекцијата на Полска во главната групна фаза на ракометниот Мундијал во Египет. Полјаците славеа со 30-16 и ги задржаа шансите за прогрес во разигрувањата.
И со практично втор состав Полска беше пресилна за Уругвајците, па предводени од расположениот Морито кој осумпати прецизно стрелаше со 4 бода пред следните 2 меча од групата атакуваат на четвртфинале.
Освен Морито кај Полска 5 гола постигна Сицко, а 4 Сувара.
Кај Уругвај најпрецизен беше Кансио со 6 гола.
Иако многумина на овој Мундијал очекуваа изненадувањето да биде Јапонија (посебно по ремито со Хрватска), сепак „самураите“ денеска го положија оружјето пред селекцијата на Аргентина. „Гаучосите“ славеа со 28-24 предводени од феноменалниот Симонет (5 гола) и денеска незадржливиот Пизаро со 10 погодоци.
Аргентина моментно е втора на табелата со 4 бода, бод повеќе од Хрватска на третата позиција, но „коцкастите“ од 18 часот ги чека дуелот со Бахреин.