Top Sport

Египет не издржа, бронзата за Шпанија

Шпанската ракометна репрезентација го освои бронзениот медал на Олимписките игри во Токио. Шпанците, со 33:31 (19:16), го победија Египет во натпреварот за третото место. Бронзата од Токио е четврта за Шпанија во историјата на Олимписките игри.

Исклучително неизвесниот и квалитетен натпревар, Шпанците го преломија во финишот на првото полувреме, кога успеаја да создадат предност од три гола.

Египет се врати во мечот, во второто полувреме, благодарение на голманот Хендави. Сепак во финишот, Египќаните потклекнаа, не успеаја да го запрат Алекс Душебаев во последните три минути.

Поранешниот играч на Вардар, со три гола во низа и асистенција за капитенот Ентрериос стави точка на мечот.

Гомес Абељо постигна осум, Робледо Гарсија шест, а Душебаев пет гола за Шпанија. Голманот на Египет Хендави мечот го заврши со 12 интервенции, а стрелците ги предводеа Ел Ахмар со осум, осносно Јахја Омар и Шебиб со по шест погодоци.

Финалниот меч на ракометниот турнир, помеѓу Данска и Франција, ќе се одигра од 14 часот, по средно европско време.

Scroll to Top