Top Sport

Меси се уште не добил официјална понуда од ПСЖ

Лионел Меси и неговиот татко, кој ги застапува интересите на синот, Хорхе Меси, се уште ја чекаат официјалната понуда од ПСЖ, тврди познатиот новинар Фабрицио Романо. Според новинарот, францускиот клуб, викендов ќе ја испрати официјалната понуда.

Дел од медиумите, синоќа, објавија дека пристигнувањето на Меси во Париз е завршена работа, односно дека ПСЖ му понудиле две годишен договор со можност тој да биде продолжен на уште една година и плата од 35 милиони евра по сезона, плус одредени бонуси.

Газдата на ПСЖ, Тамим бин Хамад ал Тани, на „Твитер“, објави дека преговорите се успешно завршени.

„Меси е наш“, напишал Тани.

Газдата на ПСЖ: Меси е наш!

Scroll to Top