Top Sport

ЕХФ дефинитивно го исфрли РК Вардар од Лигата на шампионите

Македонскиот првак РК Вардар и дефинитивно нема да игра во ракометната Лига на шампиони следната сезона. Извршниот комитет на Европската ракометна федерација на денешниот состанок потврди дека Вардар 1961 не ги исполнува критериумите за да игра во ЛШ наредната сезона.

„Црвено-црните“ се редовни учесници во елитното натпреварување во изминатите години. Во два наврати се радуваа на трофејот во Келн, во 2017 и 2019 година.

Финансиските проблеми, односно старите долгови, се причина за одлуката на ЕХФ. Вардар подолг период е предмет на разгледување во ЕХФ поради неисплатени договори кон поранешни играчи.

Засега останува дилема кој ќе го пополни местото на Вардар. Дали шанса ќе добијат балканските екипи кои аплицирале за „вајлд-карта“ или тоа ќе биде македонскиот вицепрвак Еурофарм Пелистер.

Scroll to Top