Европската ракометна федерација (ЕХФ) се обиде да го среди „хаосот“ околу неодиграните мечеви во Лигата на шампионите, правејќи сопствена одлука за тоа како би завршил секој меч и кој тим би ги добил поените.
Вардар доби еден поен од мечот кој требаше да се игра на гости кај Пари Сен-Жермен, и два поени од гостувањето која Флензбург, додека третиот неодигран меч, тој на домашен терен против ПСЖ беше доделен на францускиот тим.
Во образложението на ЕХФ се вели дека при носење на одлуките била направена врз база на тоа која била причината за одложувањето на средбите.
Со оваа одлука на ЕХФ, Вардар сега има девет поени и останува уште мечот против Мешков Брест на 4 март во Скопје. Потоа, сите тимови во натпреварите по групи ќе одат во осминафинале.
The EHF has assessed and given its verdict on this season's matches that could not be played in #ehfcl and #ehfel Men. Read more:https://t.co/Bzjdsing8L
— EHF Champions League (@ehfcl) February 26, 2021