Top Sport

ЕХФ ги „олесни“ правилата за изолација пред Европското првенство

Европската ракометна федерација (ЕХФ) ги смени правилата за карантин по позитивен случај на КОВИД-19 пред стартот на Европското првенство во Унгарија и Словачка, откако повеќе репрезентации имаа големи маки со големиот број на позитивни.

Сега, ракометар или член на делегација кој на ЕУРО 2022 ќе биде позитивен, ќе мора да оди во петдневен карантин, наместо во 14-дневен. Според нивнто образложение, ова се темели на новите здравствени препораки по инфекција. За еден ракометар да се врати на натпреварувањето ќе биде потребно да има два негативни ПЦР теста во 24 часа. Покрај тоа, ракометарите не смеат да имаат никакви симптоми, а репрезентациите ќе можат да повикаат и некој надвор од 35-те играчи кои се регистрирани уште во декември.

ЕУРО 2022 почнува на 13 јануари.

Scroll to Top