Top Sport

ЕХФ го суспендира Драган Начевски под сомнение за учество во „местење“ натпревари

Европската ракометна федерација (ЕХФ) му изрече суспензија на Драган Начевски, првиот човек на судиите во Европа. Тој е предводник на Натпреварувачката комисија, поранешен истакнат судија, а сега делегат во европски ракометни рамки.

Причина за ова се обвинувањата искажани од данската телевизија „ТВ2“ дека Драган Начевски учествувал во дискусија за местење натпревари, за која медумот доставил и аудио и видео-снимка.

Во официјалното соопштение на Европската куќа на ракометот се вели тој во јануари 2020 година имал состанок со неименуван бизнисмен, кого го убедувал дека може да внесе кинески тим во СЕХА лигата. Тој преку трето лице го прашал и дали сака да намести ракометен натпревар.

ЕХФ привремено го суспендира Драган Начевски, со намера овој случај комплетно да биде расчистен, а сите докази и тврдења се дадени на толкување и расветлување кај австриската полиција.

Претходно, данската телевизија „ТВ2“ за лажирање на резултати ги обдинуваше и Ѓорѓи Начевски и Славе Николов, но тоа беше демантирано.

Официјалното соопштение на ЕХФ поврзано со Драган Начевски може да го прочитате тука.

 

Scroll to Top