Top Sport

Ѓорческа елиминирана од првата носителка на турнирот во Оточец

Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа загуби од Романката Ирина Бара во четврт-финалето на турнирот во Оточец. Таа доживеа пораз од 0:2 во сетови (5:7, 0:6).

Романката Бара е прва носителка на турнирот и успеа да се врати во игра во првиот сет, иако Ѓорческа прва направи брејк. На крајот го комплетира сетот со 7:5 во гемови.

По ова, играта на македонската тенисерка комплетно се распадна, па во вториот сет не успеа да освои ниту еден гем.

Ѓорческа останува да настапува во игра на двојки на турнирот.

Scroll to Top