Денешното „старо“ дерби помеѓу Вардар и Металург нема да се оддржи, откако ЕХФ го суспендираше Металург по финансиските проблеми на поранешниот македонски шампион.
Металург за утре најавија прес-конференција, откако неодамна го промовираа поранешниот македонски репрезентативец Игор Котевски за нивни нов тренер. Претходно ЕХФ го суспендираше клубот за настапите во европските купови, но очигледно суспензијата важи и за Суперлигата.
Фото: РК Металург