Европската ракометна федерација (ЕХФ) во пресрет на новата сезона во Лигата на шампионите ја објави листата на фаворити за титулата која ќе ја бранат ракометарите на Вардар.
ЕХФ објави листа со пет екипи што во овој момент делуваат како најсериозни кандидати за титулата.
На петтото место е Вардар, а во коментарот на ЕХФ пишува:
„Можете ли подобро од тоа да ја освоите Лигата на шампионите два пати во последните три сезони? Тешко. Тимот ова лето повторно требаше да се изгради откако заминаа тренерот Роберто Гарсија Парондо и клучните играчи од финалето Игор Карачиќ и Дејан Милосављев. Но, ова не исплаши никого во Скопје. Тие претходно имаа сличен егзодус.Тие знаат како се освојува титулата“.
Во кругот на фаворити уште се Кјелце, Барселона, Веспрем и Пари Сен Жермен.