Top Sport

МЗТ Скопје Аеродром надмоќен на гостувањето во Струмица

МЗТ Скопје Аеродром славеше убедлив триумф (63:88) на гостувањето кај Струмица. Кошаркарите на актуелниот шампион ја добија првата четвртина со 17:25, а полувреме исто така заминаа со седум поени позитива (39:46).

Во третиот период обезбедија комфорна предност, а потоа и рутински го приведоа мечот до крај.

Кеандре Кук со 29 поени и девет скока беше најефикасен во победничкиот тим на МЗТ Скопје, додека Крстајиќ со 15 поени, осум скока и пет асистенции беше лидер на Струмица на овој меч.

Scroll to Top