Top Sport

Еурофарм Пелистер загуби дома од Архус

Ракометарите на Еурофарм Пелистер со пораз (27:30) од данскиот Архус ги стартуваа настапите во ЕХФ Европската лига. Во одлична атмосфера, „пелистерци“ имаа голем пад во играта пред крајот на првиот дел, а тоа Архус знаеше да го искористи.

Еурофарм Пелистер водеше со 10:6, но потоа домашниот тим ја загуби концентрацијата, па Архус на полувреме замина со четири гола предност (12:16).

На десет минути до крајот беше неизвесно, 23:25, а со голот на Пешевски домашните ракометари намалија и на еден гол негатива. Но, Данците сепак знаеја како да ја одржат предноста и да слават со 27:30.

Следен предизвик на Еурофарм Пелистер во Европската лига ќе биде тимот на Агуаш Санташ.

Scroll to Top