Финскиот клуб Рихимаки Кокс стигна до својата трета победа во Лигата на шампиони оваа сезона, одмаздувајќи му се на Еурофарм Работник за поразот во Битола со 23:21 (9:8) триумф.
Македонскиот претставник беше израмнет противник во текот на целиот меч, а во финишот имаше водство од 19:20 и 20:21, пред домаќините да постигнат три гола во низа за драматичен финиш. Работник досега има две победи во првата сезона во ЛШ, една над Рихимаки во Битола и минатонеделниот триумф против Савехоф.
Ловро Јотиќ имаше пет гола за Еурофарм Работник, додека најдобриот стрелец во ЛШ, Владислав Остроушко додаде 4 гола, и сега има 57 во натпреварувањето.
ЕХФ ЛИГА НА ШАМПИОНИ
Рихимаки Кокс – Еурофарм Работник 23:21 (9:8)
Динамо Букурешт – Чеховски медведи 34:23 (15:13)
Фото: ЕХФ