Еурофарм Работник успеа да направи историски успех, откако победи и во вториот бараж-меч против швајцарскиот Берн, овојпат со 30:28 и успеа да се пласира во групните фази од ЕХФ купот.
Оваа победа на Работник доаѓа по декласирањето на противникот и победата од 10 гола разлика во Битола и беше обезбедена со фантастичната партија на Елмир Граџан, кој постигна седум голови, додека Кузмановски додаде 4.
Ждрепката за групната фаза на ЕХФ Купот е закажана за в четврток на 29 ноември, а следните натпревари се закажани за 9/10 февруари 2019 година.
Фото: РК Еурофарм Работник