Top Sport

Ференцварош со магичен пресврт стигна до финалето на ЛШ против Вајперс

Ракометарките на Ференцварош направија големо изненадување и со магичен пресврт во второто полувреме обезбедија пласман во финалето на Ф4 турнирот во Лигата на шампионките што се игра во Будимпешта. Победничкиот гол го постигна Емили Белк буквално во последната секунда од мечот, а Ференцварош славеше со 30:29. На полувремето Есбјерг имаше четири гола позитива (13:17).

Во финалето се пласира и актуелниот европски првак Вајперс Кристијанстад по триумфот од 37:35 против Ѓер.

Финалната пресметка се игра утре, со почеток во 18 часот во Будимпешта.

Scroll to Top