Филип Кузмановски има скинати лигаменти во десното стапало на мечот Македонија-Турција во неделата, потврдија од неговиот клуб, бундеслигашот Вецлар.
Тие додаваат дека уште не може да се даде прогноза за тоа колку време Кузмановски ќе биде во аут и недостапен за тимот, но и за македонската репрезентација.
Кузмановски се повреди во првото полувреме на квалификацискиот меч за Европското првенство и во болки на носилки беше изнесен од теренот.
Фото: РФМ