Турскиот шампион, Бешикташ, потврди дека македонскиот репрезентативец Филип Лазаров е нивни нов играч, откако тој ги помина медицинските тестови потребни за потпишување на договорот.
Лазаров пред потписот со 13-кратниот турски шампион, настапуваше на кратко во тимот на Пелистер, но понудата од силниот состав не можеше да се игнорира. Во тимот на Бешикташ тој ќе се сретне со уште еден репрезентативец, Немања Прибак. Турскиот тим игра во Лигата на шампиони и е во група со македонскиот вице-шампион Металург.
Hentbolcumuz Philip Lazarov Sağlık Kontrolünden Geçtihttps://t.co/S42bqfnoEC#Beşiktaş pic.twitter.com/X5flMwkzVr
— Beşiktaş Mogaz HT (@BJKHentbol) October 10, 2017