Top Sport

Без светска титула, Меси не може да е најдобриот

Претседателот на ФИФА, Џани Инфантино вели дека Лионел Меси мора да ја крене титулата од Светското првенство за да биде сметан за најдобриот фудбалер во историјата на спортот.

Ѕвездата на Барселона и Аргентина освои сè што можеше на клупско ниво, вклучувајќи осум титули од шпанското првенство, 5 куп титули и 4 титули од Лигата на шампионите, но со аргентинската репрезентација нема голем успех.

Меси и Аргентина беа блиску до победа на последното СП во 2014 во Бразил, кога загубија со 1:0 од Германија во финалето, и Инфантино посочи кон уште една аргентинска легенда – шампионот од 1986 година, Диего Марадона.

„Има толку многу фантастични фудбалери кои никогаш не освоија титула од Светското првенство, и затоа Диего беше посебен – освојуваше и со клубот и со репрезентацијата. Меси можеби ќе биде на СП во Русија, и може да го видиме и во 2022 бидејќи не се повредува“, вели Инфантино.

Меси и Аргентина прво ќе мораат да се квалификуваат за Русија, бидејќи во моментов се на шестото место пред последниот меч на гости кај Еквадор, вечерва во 1:30 часот по полноќ.

Leave a Comment

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Scroll to Top