Top Sport

Филип Талески потпиша за Бенфика

Освојувачот на Европскиот куп од 2022, Бенфика се пофали со потписот на македонскиот репрезентативец, Филип Талески, кој минатата сезона беше ракометар на Вардар.

27-годишниот Талески претходно играше и во Рајн-Некар Левен и Балинген во Германија, додека негов прв клуб во Македонија беше Металург.

„Презадоволен сум што пристигнувам во Бенфика. Ова е голем клуб и голем град. Зборував со Никола Митревски и со Борко Ристовски, кои ми ги дадоа потребните информации за Бенфика“, изјави Талески.

Scroll to Top