Top Sport

Франција ќе се бори со Русија за европскиот ракометен трон (видео)

Домаќинот на Европското првенство во ракомет, Франција ќе оди на првата титула во континенталното натпреварување против силната репрезентација на Русија, откако во второто полуфинале со 27:21 ја совладаа Холандија.

Франција, досега забележа само еден пораз на домашното Евро, и тоа против Русија на отварањето на првенството (26:23), така што сега ќе има мотив повеќе за одмазда против „зборнаја“, која досега се покажа како најсилниот тим.

Отпорот на Холанѓанките беше „скршен“ во второто полувреме откако „триколорите“ имаа предност од само еден гол во првото полувреме. Естел Нзе Минко заврши со шест гола, додека по четири имаа Лора Флипес и Сираба Дембеле, додека кај Холанѓанките, кои ќе се борат со Романија за бронзата, најефикасна беше Лоис Абинг со седум гола.

ЕП ФРАНЦИЈА 2018, ПОЛУФИНАЛЕ

Русија – Романија 28:22 (16:15)

Холандија – Франција 21:27 (11:12)

Русинките со турбо-второ полувреме влегоа во финалето (видео)

Scroll to Top