Предводени од одлучувачкиот гол на ракометарката на Вардар, Александра Лакрабер, комбиниран со одбраната на уште една „вардарка“, Амандин Лејно, Франција ја освои својата втора светска титула во ракомет откако во финалето во Германија ги совладаа шампионите Норвешка со 23:21.
Ова е втора светска титула за Франција по таа во 2003 година, додека Норвежанките, иако беа апсолутни фаворитки не успеаја да се израмнат со Русија со четврта светска круна. Норвешка освои две титули во последните три шампионати, а покрај тоа имаат и две олимписки титули и четири европски злата, но победничката машина „зариба“ против инспирираните Французинки.
Ракометарките на Оливие Крумхолц покажаа одлична ментална сила, предводени од Алисон Пино во финишот на мечот, за одличен триумф. Французинките имаа водство на полувремето, но во последните 10 минути од мечот, Норвешка дојде до предност од 20:19, но комбинацијата на Лејно на голот и серијата од 3:0 значеше пресврт и водство од 22:20. Норвешка врати еден гол разлика, пред Лакрабер да биде прецизна за 23:21, а во следниот напад Лејно со одбрана да го запечати трофејот.
Најефикасни поединки во финалето беа Вет со четири гола за Франција и Мерк со седум и Кристијансен со шест за Норвешка.
Amandine Leynaud stops Nora Mork’s 7-metre throw and @FRAHandball ?? find the strenght to come back. The score is equal at 8:8 in the 19th minute ?.#FRANOR #simplywunderbar pic.twitter.com/M77YEBG3PB
— IHF (@ihf_info) December 17, 2017