Top Sport

Французите со камбек ја „суредија“ Германија за полуфинале против Шведска

Франција и Шведска ќе се судрат во второто полуфинале на Светското првенство во Полска и Шведска, откако двете репрезентации ги покажаа своите сили во своите четврт-финални мечеви – Швеѓаните со рутински триумф над Египет на Роберто Парондо од 26:22, а „триколорите“ со фанатастична камбек 35:28 победа над Германија.

Германците повеќе од половина час ја мачеа француската репрезентација, со постојано водство и одлична игра во одбраната, пред во средината на второто полувреме да направат пресврт и разлика од 5 гола, кои Германците не успеја да ја надополнат до крајот.

Швеѓаните немаа вакви прлеми – тие уште во првото полувреме направија пет гола разлика против Египет, за на крајот да стигнат до рутинска 26:22 победа. Екберг со шест гола и Сандел и Јохансон со четири гола беа најефикански за „трите круни“, додека Рамадан и Канах имаа по 5 гола.

Во второто полуфинале на Мундијалот ќе играат Данска и Шпанија.

ЧЕТВРТ-ФИНАЛЕ, СП 2023
Данска – Унгарија 40:23 (21:12)
Норвешка – Шпанија 34:35 (13:12, 25:25)
Франција – Германија 35:28 (16:16)
Шведска – Египет 26:22 (14:9)

ПОЛУФИНАЛЕ
Данска – Шпанија
Франција – Шведска

Scroll to Top