Дејан Милосављев, голманот на Вардар, по завршувањето на завршниот турнир во Келн, ќе го напушти клубот. Кариерата 22 годишниот голман ќе ја продолжи во Бундес лигата, во екипата на Фуксе Берлин, каде игра екс играчот на Вардар и соиграчот на Милосављев од српската репрезентација, Мијајло Марсениќ.
Милосављев на почетокот на сезоната дојде во Вардар од белградски Партизан и се покажа како вистинска замена за легендарниот Арпад Штербик. Тој беше еден од клучните играчи на Вардар оваа сезона, поради што специјализираниот ракометен портал „хендбол планет“, неговиот трансфер го прогласи за најдобар во сезоната.