Top Sport

Гебдан е херојот, десеткуваниот Вардар освои бод против Кјлеце

Вардар и Виве Кјелце одиграа 28:28 (17:16) во дерби мечот одигран во рамките на седмото коло во Лигата на шампионите. Херој на Вардар е алжирскиот голман Калифа Гебдан кој бранеше неверојано во второто полувреме.

Вардар на овој натпревар беше соочен со големи кадровски проблеми, практично црвено-црните играа без класичен бек-шутер. Во отсуство на Криштопанс на позицијата десен бек играше Чупиќ, а откако во вториот дел се повреди Атман позицијата лев бек ја презеде Дибиров.

Носени од френетичната публика вардарци „летаа“ по теренот на отворањето на натпреварот. Големи проблеми Кјелце имаа со нападот „7 на 6“ што го форсираше тренерот Кокшаров.

Стекнаа предност 6:3 во осмата минута, а на половина од првиот дел имаа 10:5. Полјаците возвратија со серија од три гола, а во 26 минута го имаа првото водство 14:15. Сепак предност од еден гол на полувреме имаше Вардар (17:16).

Вардар добро влегоа и во второто полувреме во 33 минута секнаа предност од четири гола (20:16) и тука застанаа. Во перидот од 33 до 46 минута Кјелце направија серија 2:9 и поведоа со 22:25.

Во тие критични моменти стапи на сцена голманот Гебдан. Имаше неколку фантастични интервенции два пати одбрани удари од седум метри, а во последните 90 секунди со две одбрани против Јуркиевич практично му обезбеди бод на Вардар.

Скубе со седум и Чупиќ со гол поалку го предводеа Вардар. Гебдан имаше 12 интервенции, 10 од нив во второто полувреме. Кај Кјелце се истакнаа Јанц со седум и Фернандез со шест гола.

Во наредното коло, на 16 ноември, Кјелце ќе го пречека Вардар.

фото/sport.onet.pl

Scroll to Top