Машката ракометна репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир во хотелот на „Александар Палас“, како почеток на подготовките за квалификациските натпревари против Луксембург и против Турција за пласман на ЕП 2024.
Искусното крило Гоце Георгиевски е повторно дел од националниот тим, а овој циклус ќе му биде и последен во репрезентативниот дрес. Тој ќе се збогува на мечот против Турција во Скопје.
„Тоа е финална одлука. Ќе ги одиграм двата последни натпревари за репрезентацијата. Најдобар начин да се простам од репрезентацијата е со победи и пласман на ЕП“, изјави Гоце Георгиевски.