Ракометната репрезентација на Германија стигна до убедлива 34:22 победа над домаќинот Австрија во меч од Европското првенство во ракомет, во меч со малку значење, бидејќи двете репрезентации веќе се елиминирани од борбата за полуфинале.
По „кобниот“ и драматичен пораз од Хрватска, на Германците им требаше „чудо“ за пласман понатаму – победа на Белорусија над Шпанија од над шест гола разлика, што секако не се случи (Шпанците стигнаа до лесна победа).
Австрија во првото полувреме имаше предност од два гола (9:7), но по 30 минути беше 16:12 за Германија, предност која „маншафт“ ја зголемуваше како што течеше второто полувреме за на крај да стигне до убедлив триумф.
Тимо Кастенинг со шест гола и Тобијас Рајхман со пет беа најефикасни за германската репрезентација, додека за домаќините Никола Билик пет пати беше прецизен.
ЕВРОПСКО ПРВЕНСТВО ВО РАКОМЕТ
ГРУПА 1
Хрватска – Чешка 22:21 (11:9)
Белорусија – Шпанија 28:37 (16:17)
Австрија – Германија 22:34 (14:16)
Табела: 1.Шпанија 8, 2.Хрватска 8, 3.Германија 4, 4.Австрија 2, 5.Белорусија 2, 6.Чешка 0
Watch the Game Highlights from Austria vs. Germany, 01/20/2020 pic.twitter.com/xmfIaIzn1C
— EHF EURO (@EHFEURO) January 20, 2020