Top Sport

Германија во најдраматичниот меч досега ја „собори“ Хрватска

Германија се пласираше во полуфиналето на Светското првенство на домашен терен, откако во исклучително драматичен меч со 22:21 (11:11) ја совлада Хрватска.

Во дуел полн со пресврти, со огромна поддршка од публиката, на крај „маншафт“ стигна до победа со која е во полуфиналето заедно со Франција од групата Е, додека Хрватска по големите амбиции мора да жали за поразот во претходниот меч од Бразил.

Фабијан Виде ги предводеше Германците со шест гола од шест удари, Уве Генсхајмер додаде четири, додека кај  „каубоите“ Карачиќ и Штрлек постигнаа четири гола.

Вториот ко-домаќин, Данска пак, исто така е на чекор до борба за медалите, откако со 26:20 рутински ја совладаа репрезентацијата на Египет.

Фото: ЕПА

СП РАКОМЕТ ГЕРМАНИЈА/ДАНСКА

ГРУПА Е

Шпанија – Бразил 36:24 (19:13)

Хрватска – Германија 21:22 (11:11)

Табела: 1.Франција 7, 2.Германија 7, 3.Шпанија 4, 4.Хрватска 4, 5.Бразил 2, 6.Исланд 0

ГРУПА Ф

Шведска – Норвешка 27:30 (14:17)

Египет – Данска 20:26 (11:11)

Табела: 1.Данска 8, 2.Шведска 6, 3.Норвешка 6, 4.Унгарија 3, 5.Египет 1, 6.Тунис 0

Scroll to Top