Германија со 30:28 ја совлада Чешка во последното коло во групата Д на Европското првенство во Франција, за да стане последната репрезентација која обезбедила место во втората рунда. Холандија во третиот меч ја забележа третата победа, декласирајќи ги Хрватките со 34:23.
Чехинките солидно се „држеа“ во првото полувреме (16:16), но потоа Германките направија разлика од четири гола, за на крајот да триумфираат со 30:28 и пред вечерната пресметка помеѓу Романија и Норвешка да станат третиот патник од групата Д. Мајке Шмелцер со 7 гола беше најефиканска за Германија, додека пет гола имаа Белк и Гешке.
Холандија, пак, убедливо го освои првото место во групата Ц со третата победа во низа, овојпат со убедливи 34:23 над Хрватска. Делајла Амега имаше осум голови, Ангела Малестајн додаде 6 за „лалињата“, додека кај Хрватките по шест гола имаа Турк и Калаус.
ЕП ФРАНЦИЈА 2018
ГРУПА Ц
Холандија – Хрватска 34:23 (17:10)
Унгарија – Шпанија 21.00 ч.
Табела: 1.Холандија 6, 2.Шпанија 2, 3.Унгарија 2, Хрватска 0.
ГРУПА Д
Германија – Чешка 30:28 (16:16)
Норвешка – Романија 21.00 ч.
Табела: 1.Романија 4, 2.Германија 4, 3.Норвешка 2, 4.Чешка 0.