Германската женска ракометна репрезентација го освои првото место во групата Е и ќе пренесе максимални 4 поени во втората рунда на СП во Шпанија, откако во пресметката со Унгарките, на крајот не дозволија изненадување и стигнаа до 25:24 победа.
Во другиот директен меч за прво место, Данките без мака со 35:23 ја декласираа Јужна Кореја за да се промовираат во едни од фаворитки за медал.
Хрватска, пак, ослабена по позитивните тестови на нивните најдобри ракометарки (Чамила Мичијевиќ, Ивана Дежиќ и Дора Крсник) падна во финишот за 28:26 пораз од Јапонија, со што го освојуваат третото место во својата група и патуваат во наредната фаза без пренесени поени.
СВЕТСКО ПРВЕНСТВО, ШПАНИЈА 2021, 3.КОЛО
ГРУПА Е
Чешка – Словачка 24:23 (15:14)
Германија – Унгарија 25:24 (14:9)
ГРУПА Ф
Тунис – Конго 24:33 (9:18)
Данска – Јужна Кореја 35:23 (19:14)
ГРУПА Г
Бразил – Парагвај 33:19 (20:7)
Хрватска – Јапонија 25:28 (14:14)
ГРУПА Х
Аргентина – Кина 36:24 (17:9)
Шпанија – Австрија 31:19 (14:6)