Top Sport

Уште како дете сонувал за Барселона

Бразилскиот фудбалер Малком, кој неочекувано стана „ѕвезда“ на преодниот рок, изјавил дека отсекогаш сонувал да игра за Барселона.

„Среќен сум тука, ова е нешто за што сонував уште кога бев дете. Тешко е да се стигне во клуб каков што е Барселона. Многу сум среќен. Ќе се обидам да бидам најдобар“, рекол Малком на официјалната промоција.

foto: epa

Малком, на „Ноу Камп“ пристигна од Бордо, откако неговиот трансфер се претвори во вистинска шпанска сапуница. Ден пред тој да ја смени одлуката и од аеродромот наместо во Рим да се упати кон Барселона, екипата на Рома објави дека го договорила неговиот трансфер.

„Секогаш сум опуштен по ова прашање бидејќи моите претставници се погрижија за сите детали“, дополнил Малком.

Бразилецот дополнил дека е среќен што ќе игра со најдобриот играч во светот, Лионел Меси, од кого можел многу да научи.

Scroll to Top