Top Sport

Гонзалес: Горд сум на моите играчи и на нашите навивачи

Раул Гонзалес призна дека не било лесно да се „извлече“ пласман меѓу европската ракометна елита, откако Вардар убаво се испоти за да се пласира на Ф4 во Келн во тешкиот двобој со Кил.

Минималниот пораз од 27:28 ги носи „црвено-црните“ на Ф4, откако во гостинскиот меч Вардар стигна до, како што се покажа, клучна 29:28 победа.

„Мораме да им честитаме на Кил за добриот натпревар, додека ние не започавме како што планиравме, имавме доста проблеми, посебно во првото полувреме. Имавме постојана предност, но признавам, имаше и голем притисок. Голема благодарност до нашите навивачи, но и до мојот тим на кој сум навистина горд. Сега не очекува нов Ф4, каде што ниту еден меч нема да биде лесен и со верба одиме во Германија“, изјави Гонзалес.

Тимур Дибиров, пак, вели дека не е важно кој ќе биде противникот во полуфиналето и сега има поинаква желба.

„Сега сакам некое пиво, а потоа ќе размислуваме за Келн и за тоа кој ќе ни биде противник. Никого не смееме да потцениме“, вели Русинот.

Фото: ЕПА

Вардар го мина германскиот „испит“, во Келн по одбрана на европскиот трон (видео)

Scroll to Top