Top Sport

„Халкбанк“, нов спонзор на РФМ

Денес, Ракометната Федерација на Македонија и „Халкбанк“, потпишаа договор за годишно спонзорство. Утревечер на квалификацискиот натпревар помеѓу репрезентацијата на Македонија и Турција за пласман на Европското првенство во 2020 година, ракометарите на македонската репрезентација за прв пат ќе носат дресови со логото „Халкбанк“.

„Ние како банка отсекогаш сме го препознавале и наградувале успехот кој се темели на посветеност, натпреварувачки дух и тимска работа. Особено сега, кога е актуелна нашата корпоративна кампања ‘Важни се луѓето’, сметаме дека е исклучително важно да ја покажеме нашата поддршка и кон македонскиот ракомет, како можеби и најклучната гранка на националниот спорт, и заедно со сите македонски граѓани и верните навивачи да им дадеме дополнителен мотив на ракометарите да продолжат преку победи“, изјави Билал Суџубаши, генерален директор на „Халкбанк“.

„Навистина ме радува фактот што Халкбанк искрено ги препознава вистинските вредности во сите сегменти на нашето живеење, а секако не исклучувајќи го тука и македонскиот ракомет. Од името на целата Федерација сакам да ја изразам нашата благодарност за оваа поддршка, бидејќи токму ваквите партнерства ни даваат шанса да покажеме пред светот дека навистина имаме квалитетен ракомет и вистински велемајстори“, изјави претседателот на Ракометната Федерација на Македонија, ивко Мукаетов.

На прес-конференцијата беа присутни селекторот Раул Гонсалез, како и капитенот на решрезентацијата Кирил Лазаров, кои исто така ја истакнаа својата благодарност кон „Халкбанк“, како најнов поддржувач на македонската ракометна репрезентација, и истовремено посочија дека се надеваат на долга и успешна соработка која несомнено ќе придонесе за многу нови победи. Тие истовремено ја најавија и новата серија претстојни натпревари, почнувајќи со квалификацискиот натпревар за ЕП 2020 помеѓу репрезентациите на Македонија и Турција.

Scroll to Top