Холандија и Франција го комплетираа полуфиналниот состав на Европското првенство во ракомет во Франција, со убедливи победи во последните мечеви по групи, поставувајќи супер-дуели: Романија-Русија и Холандија-Франција. Полуфиналињата на програма се в петок.
Холандија со 27:21 ја совлада Германија за да го освои првото место во групата 2, а откако домаќинот Франција со 38:28 ја декласираше Србија го освои второто место во групата 1 и дуел со „лалињата“. Во второто „поспектакуларно“ полуфинале ќе се сретнат Русија и Романките, кои имаа ист број на поени со актуелниот шампион Норвешка, кои ќе се борат само за петтото место со скандинавските ривали, Шведска.
They both only needed a draw tonight but they earned clear victories to enter the #ehfeuro2018 Semi-finals: @FRAHandball and @nedteamhandbal! ?@rssrbije @DHB_Teams #ehfeuro2018 #SRBFRA #NEDGER #handballissime pic.twitter.com/FT1jVSXFWN
— EHF EURO (@EHFEURO) December 12, 2018
Холанѓанките и Германките директно играа за пласман во полуфиналето, но „лалињата“ имаа поубедлив старт и предноста од првото полувреме ја претворија во убедлива победа од 27:21. Кели Дулфер и Естевана Полман беа најефикасни со шест гола за Холандија.
ГРУПА 1
Франција – Србија 38:28 (18:14)
Табела: 1.Русија 8, 2.Франција 7, 3.Шведска 5, 4.Црна Гора 4, 5.Данска 4, 6.Србија 2
ГРУПА 2
Холандија – Германија 27:21 (13:11)
Табела: 1. Холандија 8, 2.Романија 6, 3.Норвешка 6, 4.Германија 4, 5.Унгарија 4, 6.Шпанија 0
ПОЛУФИНАЛЕ
Русија – Романија
Холандија – Франција