Ракометната репрезнтација на Холандија стигна до релативно лесна 29:19 (14:11) победа над Аргентина во првиот меч од групата Ф (каде што вечерва играат Македонија и Норвешка), за свој прв триумф на едно Светско првенство, покажувајќи дека се европска репрезентација која во последните десетина години направи неверојатен прогрес во ракометот.
Аргентинците се држеа релативно блиску до фаворитите во текот на првото полувреме, но на крајот Холанѓаните постојано ја зголемуваа предноста во второто, за убедлив триумф.
Вистинска сензација, пак, беше победата на САД од 28:27 над Мароко, во својот прв настап на еден ракометен Мундијал од 2001 година, по пауза од 22 години.
СП ШВЕДСКА/ПОЛСКА 2023
ГРУПА Е
Германија – Катар 31:27 (18:13)
Србија – Алжир 20.30 ч.
ГРУПА Ф
Аргентина – Холандија 19:29 (11:14)
Норвешка – Македонија 20.30 ч.
ГРУПА Г
Мароко – САД 27:28 (12:12)
Хрватска – Египет 20.30 ч.
ГРУПА Х
Бахреин – Тунис 27:27 (16:15)
Данска – Белгија 20.30 ч.